Форест фест
март 14, 2014Меѓународен натпревар по математика „КЕНГУР“
март 21, 2014Активности за денот на пролетта
ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Берово во заедничка соработка со Општина Берово ќе биде дел од акцијата на Министерството за животна средина и просторно планирање „Македонија замја на цвеќето – земја на розите“ што ќе се одржи на 21 Март (петок).
За таа цел ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Берово на денот на пролетта 21 Март (петок) со почеток од 11 до 14 часот на плоштадот „Димитар Поп-Ѓорѓиев Беровски“ ќе организира изложбена продажба на рачно изработени оригами на учениците и вработените од самото училиште.
Со купување на некој производ изработен од страна на учениците и вработените ја подржувате акцијата чија цел е Македонија да стане земја на розите, а со тоа помагате на учениците да купат садници на рози и истите да ги засадат во училишниот двор.