
Отворен ден на тема „И сајбер насилството боли“ по повод светскиот ден на ненасилството
октомври 6, 2024
Едукативна работилница за правата на децата на англиски јазик по повод Детската недела
октомври 9, 2024Активности за Детската недела започнаа со мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство“

Под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство“, во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ започнаа активностите за Детската недела. Првиот ден беше одбележан со запознавање на учениците со Конвенцијата за правата на детето и одржување спортски активности, со цел да се поттикне свеста за важноста на детските права и здравиот животен стил.
Активностите ќе продолжат и во наредните денови, а во четврток од 11:30 часот ќе се одржи свечена манифестација за приемот на првачињата во Детската светска организација, што претставува значаен настан за нашето училиште.
Со овие активности, училиштето се стреми да ја подигне свеста за правата на децата и да ги поттикне најмладите да ги остваруваат своите права во безбедна и поддржувачка средина.