
Државни награди и пофалница по природни науки за нашите ученици!
мај 20, 2025
Голем успех за македонистите од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ на Државниот натпревар!
јуни 6, 2025Андреа Арнаутовска освои ПРВА награда на Државниот натпревар по биологија!

Со огромна радост и неизмерна гордост ја споделуваме веста за уште еден блескав успех на ученичка од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово!
На престижниот Државен натпревар по биологија, кој се одржа на 31 мај 2025 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во организација на Македонското биолошко друштво-Скопје, нашата талентирана ученичка Андреа Арнаутовска освои – I (прва) награда! 🥇
Овој извонреден резултат е круна на нејзиниот труд, посветеност и огромно знаење во областа на биологијата. За нејзината подготовка и поддршка беше заслужна нејзината менторка, наставничката Верица Арнаутовска.
Честитки за Андреа за одличниот пласман и за достојното претставување на нашето училиште на највисоко ниво! Овој успех е инспирација за сите нас и уште еден доказ за квалитетната работа во нашето училиште.
Браво Андреа, само продолжи да редиш успеси!