Еко парада
април 19, 2013Се одржа педесеттата државна смотрна на млади техничари и природници
април 23, 2013Видео конференциja
Општина Берово и Општина Ливаро, потпишувајќи ја Конвенцијата за меѓународна соработка минатата година, ги зедоа во предвид начелата за одржлив развој, така што беше изразена желба за соработка преку која ќе се развива институционално партнерство базирано на принцип на реципроцитет во согласност со Општинските надлежности. Иако соработката се заснова на размена и развој на искуства во многу области, една од главните области на делување е образованието. Отпочнат е проект за допишување преку интернет помеѓу децата од основното училиште во Берово, посебна група направена со децата кои го изучуваат Францускиот Јазик и децата од основното училиште во Ливаро. Со посредство на е-мејл и вообичаена пошта, одделението ќе воспостави контакт со друго одделение од друго место.Беше направен контакт и различни начини на размена беа разгледани: Францускиот јазик ќе се користи како јазик за комуникација; Групата на учениците во одделението на размена е на возраст помеѓу 11 и 12 години. Долгорочната цел на проектот е средба на учениците од двете општини, како и нивни прием во семејствата во Берово и Ливаро. Основни дисциплински вештини за имплементација во рамките на проектот ќе бидат: Француски Усни вештини Раскажување, опишување, презентирање
- Пишување на структурирана и разбирлива приказна за непозната личност, од приложени факти или од раскажана приказна;
- Учество во групна размена прифаќајќи да се сослуша другиот, чекајќи го својот ред да земе збор останувајќи со намера за размена;
- Опишување на предмет, претставување на активност за време на часот изразувајќи се со точни реченици со соодветен вокабулар.
Размена на мислење, дискусија
- Дискретно барање и земање на збор
- Учество во дискусија почитувајќи го редот на зборување и правила на учтивост
- Потсетување на тој начин што се укажува дека настанот бил доживеан заедно
Способности што се однесуваат на читање, пишување и уредување на текст Читање
- Разбирање на писмени задачи
- Пишување
- Препишување на текст без грешки, долг околу десетина редови, почитувајќи го распоредот ако е потребно.
- Подобрување (корегирање и збогатување) на текст во зависност од забелешките и помошта од настваникот
- Уредување на текст
- Уредување на различни видови на кратки текстови (раскази, опишувања, портрети) внимавајќи на нивната логичност, на нивната прецизност (заменки, сврзници, посебни временски релации) и избегнувајќи ги повторувањата.
- Познавање на карактеристиките за презентација на писмо
- Точно пишување на неменливи зборови, посебно почесто употребуваните и што се изучувани од граматиката.
Вештини ИКТ
- Употреба на компјутерот за информирање, информирање од документација, презентирање на дело: консултирање на библиографија (веб-сајтови на интерент) и служење со алатки за пребарување (страници за пребарување и хиперлинкови)
- Користење на компјутерот за комуницирање: организирање на страници и документ напишан од гледна точка на пишување проект во склад со конвенциите (писмо, страница на веб-сајт…) и евентуално вметнување на потребни слики.
Географија
- Многу видови на пејсажи и разноликост на француските региони
- Познавање на основните карактеристики во целост на француските региони: регионите од Север и Исток, региони од Големиот Запад (Атлантскиот брег), регионите од Југ, регионите од централна Франција и Парискиот регион.
- Познавање од администартивната поделба во Франција (департамани, региони).
- Границите на Франција и државите од Европска Унија
- Низ читање на пејсажите и проучување на картите, идентификување на основните рејлефни карактеристики, на климата и хидрографијата во Европа и определување на изучените основни географски знаци.
- Да знае да ги одредува европските граници.
Ликовно образование
- Во всрка со културниот тек на проектот, на нашите допишувачи да им се презентираат културните ресурси во близина на нашиот департман, регион:
- Препознавање и опишување на природните дела, од минатото и различни географски области;
- Употреба на повеќе видови на уметничко творештво за класирање на делата во различни ситуации (изработување на постери од импресионизмот, Е.Буден од Фервак, Ф.Леже)
- Разликување на главни категории во уметничкото творештво
- Спојување на името на едно дело во уметничкиот дел на кој што се однесува и да се потврди;
- Приоѓање кон делата (јасен поглед, брање на значајни елементи…);
- Опишување на делата употребувајќи карактеристичен вокабулар;
Што вклучува прокетот За добро да се реализира овој проект потребно е:
- Реципрочност: одредена еднаквост во испраќањето на пораки (е-мејл);
- Редовност: почитување на распоредот, датумите, на размена (дури ако “слободниот начин” задражал одредено влијание, потребно е да се зачува смислата);
- Квалитетот (се однесува на вештините на учениците) на:
- содржини
- презентација
- читливоста, отрографијата
- формирање на парови на размена доколку тоа е можно да се реализира
Содржина на разменувањата
- Ние ќе се обидеме да ги менуваме разменувањата: заеднички или индивидуални писма за претставување на одделението, претставување на учениците, презентирање на околината, извештај од прошетки, од проекти, поеми, песни, …
- Не многу обилни известувања, размени, но да можат да бидат поредовни;
- Ако еден ученик е отсутен, одделнието (или евентуално наставникот) ќе превземе одговорност за пишување на писмото или за реализириање на задачата.