
Андреа Арнаутовска освои ПРВА награда на Државниот натпревар по биологија!
јуни 3, 2025
Повторно ѕвони училишното ѕвонче! Среќен почеток на новата учебна година 2025/2026!
септември 1, 2025Голем успех за македонистите од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ на Државниот натпревар!

Низата успеси на учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ продолжува и на крајот од учебната година! Овојпат, одлични вести пристигнуваат од Државниот натпревар по македонски јазик, кој се одржа во сабота, 31 мај 2025 година, на Правниот факултет во Скопје.
Нашите талентирани ученици покажаа извонредно знаење и се закитија со следниве награди и признанија:
Втора награда (II награда) освоија:
- Анџелина Беџовска и Андреа Боболинска од VII одделение, под менторство на наставничката Габриела Пипонска.
- Марко Каракутовски и Јована Каламадевска од VI одделение, под менторство на наставничката Веселинка Каламадевска.
Благодарници за постигнати солидни резултати добија:
- Анастасија Распашковска од VIII одделение, под менторство на наставничката Душица Скендерска.
- Рената Делиовска од IX одделение од Подрачното училиште во Двориште, под менторство на наставничката Сања Аџиска.
Овие резултати се доказ за континуираната и посветена работа како на учениците, така и на нивните наставници-ментори. Честитки до сите ученици и наставници, горди сме на Вас!