
Одбележување на патрониот празник на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
јуни 13, 2024
Есенски крос со еднодневна екскурзија
септември 7, 2024Горди на успехот: Трето место на Државниот натпревар по природни науки

ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово се закити со уште едно државно признание, кое докажува дека е извор на знаења од сите области, за сите возрасти. Гордо ја споделуваме нашата среќа произлезена од освоената III награда на Државниот натпревар по природни науки, одржан на 15 јуни 2024 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Нашиот најмал учесник, Теодор Пелтековски од IV одделение, под менторство на наставничката Мирјана Самарџиска, го постигна овој значаен успех, покажувајќи исклучителни знаења и вештини во областа на природните науки.
Честитки до Теодор и неговата наставничка за нивната посветеност и труд!




