Родителска средба и зимски распуст
декември 28, 2015Блесна магијата на Новата година
декември 30, 2015Дабар 2015
Oд 23-27 ноември 2015 се одржа натпреварот “Дабар 2015”. Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар), наменет за ученици од основните и средните училишта (почнувајќи со 3то одделение), кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот, оваа година се организира во 46 држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот. Инаку, како идеја, Дабар има добиено повеќе награди на европски и светски конференции. Последната од нив е добиена на Европскиот самит за компјутерски науки, каде Дабар ја доби наградата “Informatics Europe Best Practices in Education”.
Натпреварот се спроведе во 136 основни училишта во Република Македонија. На него учествуваа точно 19608 ученици од Република Македонија, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално најголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. И нашето училиште учествуваше на натпреварот на кој зедоа учество околу 300 ученици.