еТвининг презентација
декември 27, 2018Донација компјутери од фондацијата "Бугарско сеќавање"
март 1, 2019Ден за безбеден интернет
Почитувани,
ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ во поддршка на кампањата Safer Internet Day, на 5ти Февруари организира работилница на таа тема во нашите простории. Целта на оваа кампања која е поддржана и од Европската Комисија е да се создаде побезбеден и подобар интернет каде што секој се мотивира да ја користи технологијата одговорно и со почит како и да размислува критички и креативно.
Нашата работилница ќе биде организарана во 3 работни групи- Деца (8-10 год).; тинејџери (14-15) и возрасни (25+) затоа што оваа кампања се стреми да допре до децата, младите, родителите, наставниците и пошироко за да се поттикне секој да го одигра својот дел во создавањето на подобар интернет.
Со славење на позитивната моќ на интернетот, слоганот на кампањата: „ Заедно за подобар интернет„ ги охрабрува сите да се придружат на движењето, да учествуваат и да го искористат до максимум потенцијалот на интернетот да ги зближува луѓето.
Децата и младите можат да придонесат за SID со тоа што ќе бидат љубезни и ќе се однесуваат со почит кон другите онлајн, но и со заштитувањето на својата репутација онлајн.
Родители и возрасни играат клучна улога во охрабрувањето и поддршката на децата и младите да ја користат технологијата одговорно, со почит спрема останите корисници, да пристапуваат кон понуденото критички и да бидат креативни, било да е тоа преку отворен разговор, преку едуцирање и поучување или пак служејќи како добар пример во ова дигитално доба.
Индустријата, други одговорни лица, политичарите, можат на разни начини да го поддржат движењето за подобар интернет.
- Обезбедување на лесни за користење и достапни упатства и прирачници за безбедна употреба на интернет.
- Да овозможат брз и лесен притап до поддршка ако нештата тргнат наопаку
- Преку вметнување на соодветни информации за безбедна употреба на интернетот во наставната програма
- Сите можеме да се бориме/реагираме против против негативното со опцијата Report ако забележиме несоодветно или нелегално однесување онлајн.
Ве покануваме да ни се придужите- ЗАЕДНО ДО ПОДОБАР ИНТЕРНЕТ – TOGETHER TO A BETTER INTERNET на 5ти Февруари