
Успешен настап на Државните првенства: Честитки за учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“!
мај 19, 2025
Андреа Арнаутовска освои ПРВА награда на Државниот натпревар по биологија!
јуни 3, 2025Државни награди и пофалница по природни науки за нашите ученици!

Со голема радост и гордост ги споделуваме најновите успеси на нашите ученици, кои за крај на оваа учебна година донесоа значајни признанија за ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово.
На Државниот натпревар по природни науки, кој се одржа на 18 мај 2025 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во организација на Македонското биолошко друштво-Скопје, нашите млади научници ги постигнаа следните извонредни резултати:
Под менторство на вредната наставничка Александра Пачемска, учениците се закитија со:
- Теофил Цикарски од VI одделение – освоена II (втора) награда! 🥈
- Давид Ролевски од VI одделение – освоена III (трета) награда! 🥉
- Теодор Пелтековски од V одделение – добиена Пофалница за покажаното знаење! 📜
Овие награди и признанија се доказ за големиот труд, посветеноста и љубовта кон природните науки кај нашите ученици, како и за стручната и мотивирачка работа на нивната менторка. Честитки за Теофил, Давид и Теодор за одличниот пласман и за достојното претставување на училиштето! Ви посакуваме уште многу успеси во иднина и продолжете да го негувате вашиот истражувачки дух!