Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
декември 3, 2024Весела новогодишна приредба во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
декември 30, 2024Едукативна посета на учениците од „Дедо Иљо Малешевски“ во Ботаничката градина
Во рамките на проектот „Мрежа за искуствено учење“, учениците од VI и VII одделение од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и ПУ Будинарци, под менторство на наставничките Александра Пачемска и Верица Арнаутовска, на 2 декември 2024 година учествуваа во еднодневна работилница во Ботаничката градина – Скопје.
Работилницата на тема „Растенијата како прочистувачи на почва, вода и воздух“ им овозможи на учениците да ја истражат Ботаничката градина, да се запознаат со процесите за докажување на загадувањето на почвата, водата и воздухот и да учествуваат во експериментални активности. Учениците имаа можност и практично да измеруваат количини на ПМ10 честички на различни локации, стекнувајќи корисни знаења за заштитата на животната средина.
На крајот од работилницата, учениците ги презентираа своите стекнати знаења преку краток квиз, демонстрирајќи го наученото со голема посветеност и интерес.
Голема благодарност до вработените во Ботаничката градина за нивната поддршка и посветеност, како и до спроведувачот на проектот Македонско еколошко друштво и УНИЦЕФ, кои овозможија нашите ученици да бидат дел од овој значаен проект. Настаните од ваков вид се од огромно значење за едукативниот и еколошки развој на нашите ученици.