Импресивни резултати на учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ на 61-от Државен натпревар на млади техничари и природници
октомври 29, 2024Голем успех на учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ на МАКИНОВА и ЕКОНОВА 2024
ноември 13, 2024Едукативно предавање за оралното здравје и исхраната во I и IV одделение
Од страна на ЈЗУ „Здравствен Дом“ – Берово, беше организирано едукативно предавање на темите „Градба и функција на оралната празнина“ и „Правилна исхрана и контрола во внес на шеќери“ за учениците од I и IV одделение. Предавач беше д-р Зорица Шахпаска, која на интересен и интерактивен начин им ги пренесе на учениците важноста на оралното здравје и здравата исхрана.
Учениците имаа можност да научат за правилната грижа за забите и усната шуплина, како и за влијанието на исхраната и внесот на шеќери врз нивното здравје. Преку ова предавање, се поттикнува свеста кај најмладите за значењето на редовната хигиена и здравите навики, кои се клучни за нивното општо здравје и благосостојба.
Благодарност до д-р Зорица Шахпаска и ЈЗУ „Здравствен Дом“ – Берово за нивната посветеност и соработка во едукацијата на нашите ученици.