Реализирање на активности од Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем
јули 8, 2015Известување за изборен предмет во VI одделение
август 17, 2015Едукативно предавање на наставниците и педагозите
На ден 03.07.2015год. од страна на превентивниот тим од Одделот за детска и превентивна стоматологија при ЈЗУ Здравствен дом – Берово, предводен од д-р Зорица Ризинска и стом.асистент Милка Чаминска беше одржано едукативно предавање на наставниците и педагозите на тема ” Блескавата насмевка наша цел “.
Целта беше да се укаже на важноста на оралното здравје како дел од целокупното здравје на човекот, како и важноста од стекнување на здрави навики од најмала возраст. Посебен акцент беше ставено на кариесот и пародонтопатијата, како најраспространети орални заболувања и исто така беа потенцирани и последиците кои ги носат овие две заболувања. Беше презентирана и програмата која ја предвидува Националната стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0 – 14 години, која што е изготвена од Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за локална самоуправа и е усвоена на 104 – седница на Владата на Р.Македонија од 13.11.2007 година, а започна да се имплементира од 01.01.2008 година. Оваа стратегија предвидува пет превентивни мерки, кои почнаа етапно да се спроведуваат на територијата на Р.Македонија од страна на 150 превентивни тима. Превентивните мерки имаат за цел да децата се стекнат со есенцијални навики за оралното здравје.
Педагозите се со авторитет кај учениците, а многу често и самите родителите на училиштето гледаат како место каде може да се информираат за оралното здравје на нивните деца. Училиштата може ефективно да ги информираат и да влијаат врз знаењата на учениците за оралното здравје, нивните верувања, нивното однесување и нивните навики. Овие ученици треба да се стекнат со знаења и вештини кои ќе промовираат здрав начин на живеење и се охрабрени да ја преземат контролата за грижа за нивното здравје, рано во нивниот живот и да развијат навики и позитивен однос кон превентивните мерки. Токму затоа наставниците играат многу голема улога во овој процес и е многу важно да бидат адекватно информирани за оралното здравје.
Блескавата насмевка е наша цел, со идеја и желба за среќни, радосни и здрави деца, кои се нашата иднина. Децата се наше најголемо богатство, за тоа богатство да е во полн сјај потребна е грижа – која е наша должност и обврска.