Активности на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
ноември 16, 2013Среќни Новогодишни и Божиќни празници
јануари 1, 2014Еко одбор
На ден 21.11.2013 год. четврток со почеток во 13.30 мин. се одржа состанок на Еко-одборот при ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” Берово.Главната цел на состанокот беше да се даде кратка информација за програмата „Интеграција на еколошката едукација во Македонскиот образовен систем“ и да се презентира планот на активности предвидени за истата за 2013-2014 год.
Дарко Скендерски – преставник од Приватните шуми во Берово кој воедно е и член на Еко- одборот пред присутните членови го објасни настанот FOREST FEST под мотото „Секое дрво си има свое семејство“ кој ќе се одржи од 07.12.2013 – 08.12.2013 год. во Берово и од присутните побара активно вклучување и учество на настанот на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Берово.
Преседателот Александра Пачемска и координаторот Валентина Дучевска детално го објаснија планот на активности предвидени за 2013 – 2014 год. Во тој дел се даде краток осврт и на активностите кои се предвидени со проектот „Еколошкото образование за зачувување на природата во Бреглничкиот регион“ кој е дел од истата програма.
Од самиот состанок од страна на присуните членови беа донесени следниве одлуки кои треба да бидат реализирани до крајот на календарската година:
– Да се формира еко патрола од страна на учениците која ке има за задача да биде вклучена во реализација на точките на акција кои ќе го следат, надгледуваат и контролираат процесот на имплементација на предвидените активности согласно четирите еко стандарди.
– Изработка и истакнување на упатства за заштеда на вода и енергија кои ке бидат поставени на видни места во училишната зграда.
– Вклучување на ООУ„ Дедо Иљо Малешевски“ во настанот FOREST FEST под мотото „Секое дрво си има свое семејство“.
Одлуките кои беа донесени важат и за подрачните училишта Будинарци, Митрашинци, Двориште, Смојмирово, Ратево и Владимирово.