
Успешно крај на учебната година со натпреварот ‘SPELLING BEE’
јуни 13, 2024
Одбележување на патрониот празник на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
јуни 13, 2024Завршен Spelling натпревар за осмо одделение

Денеска, во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово, се одржа завршниот Spelling Competition, натпревар по пишување зборови на англиски јазик за учениците од осмо одделение. Во натпреварот учествуваа 10-те најдобри ученици од целата генерација, кои покажаа одлично знаење и брзина во спелувањето.
По неколку интензивни круга, Стефан Муртовски се истакна како најдобар и го освои првото место. Неговата прецизност и брзина во спелувањето зборови на англиски јазик го направија победник на овој натпревар.
Честитки до Стефан Муртовски за неговиот успех и до сите ученици кои учествуваа во натпреварот. Вашата посветеност и труд се за пофалба. Продолжете да го негувате вашето знаење и вештини, и ви посакуваме уште многу успеси во иднина!






