Одбележан патрониот празник на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
април 30, 2015Покана од учениците во ООУ„Дедо Иљо Малешевски“ – Берово
мај 4, 2015Запишување во прво одделение во учебната 2015/2016 година
Врз основа на член 46, 47 и 48 од Законот за основно образование ( Сл.весник на РМ бр. 103/08, 33/10, 116/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/ 14, 116/14,135/14), Ве известуваме дека ООУ„ Дедо Иљо Малешевски“- Берово, врши
ЗАПИШУВАЊЕ ВО I ОДДЕЛЕНИЕ
во учебната 2015/2016 година
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
- Децата кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години.
- По исклучок, детето може да се запише во прво одделение , доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
- Запишувањето на детето здравствената установа може да го одолжи заедна година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Извод од Матична книга на родените;
- Потврда за примените задолжителни вакцини за детето,издадена од надлежната здраствена установа;
- Потврда од извршен систематски преглед на оралната празнина, издадена од ЈЗУ Здравен дом, Берово.
Потребните документи треба да се достават во просториите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“- Берово, кај училишниот педагог или психолог, до 31 мај 2015 година.
ООУ,,Дедо Иљо Малешевски“- Берово
Директор
Наташа Аврамска