Ден на планетата Земја
април 22, 2016Нека блесне планината во сјај – да уживаме во зелениот рај
мај 9, 2016Запишување во I одделение во учебната 2016/2017 година
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
- Децата кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години.
2.По исклучок, детето може да се запише во прво одделение , доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
3.Запишувањето на детето здравствената установа може да го одлoжи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Извод од Матична книга на родените;
- Потврда за примените задолжителни вакцини за детето,издадена од надлежната здравствена установа;
- Потврда од извршен систематски преглед на оралната празнина, издадена од ЈЗУ Здравствен дом, Берово.
Потребните документи треба да се достават во просториите на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски“- Берово, кај училишниот педагог или психолог, до 31 мај 2016 година.