Натпревар организиран од Фондот за иновации и технолошки развој
март 23, 2019Одбележан Европскиот ден за Натура 2000
мај 31, 2019Запишување во I одделение во учебната 2019/2020 година
Врз основа на член 46, 47 и 48 од Законот за основно образование ( Сл. весник на Република Северна Македонија бр.103/08, 33/10, 116/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14,135/14,10/15,98/15,30/16,127/16,67/18,64/18), Ве известуваме дека ООУ „Дедо Иљо Малешевски“- Берово, врши
ЗАПИШУВАЊЕ ВО I ОДДЕЛЕНИЕ
во учебната 2019/2020 година
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
- Децата кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (односно родени 2013 година).
- По исклучок, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2014 година), по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
- Запишувањето на детето здравствената установа може да го одлoжи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Извод од Матична книга на родените;
- Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежната здравствена установа;
- Потврда од извршен систематски преглед на оралната празнина, издадена од ЈЗУ Здравствен дом, Берово(за издавање на потврдата родителот е должен да го однесе детето на преглед).
Потребните документи треба да се достават во просториите на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски“- Берово, кај училишниот педагог до 31 мај 2019 година.
ООУ,,Дедо Иљо Малешевски“- Берово
Директор
Наташа Аврамска