Државните натпревари по француски јазик организиран од фондацијата Bel idéal
април 22, 2023Одбележување на патрониот празник на нашето училиште
април 28, 2023Запишување во I одделение во учебната 2023/2024 година
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
- Децата кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (односно родени 2017
година). - По исклучок, детето може да се запише во прво одделение , доколку наполни шест години до 31
јануари наредната 2018 година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено
мислење од педагогот или психологот во училиштето. - Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа
може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
Уписот ќе биде во тек на месец MАЈ.
- Децата се запишуваат во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано
престојува или - Децата може да се запишаат во друго основно училиште во истиот или во друг реон ако за тоа
има согласност од училиштето во кое се запишува и од учичиштето од реонот во кој живее или
каде што постојано престојува.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Извод од Матична книга на родените;
- Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежната здравствена
установа; - Потврда од извршен систематски преглед од стоматолог, издадена од надлежната
здравствена установа; - Потврда од извршен офталмолошки преглед од доктор специјалист, издадена од надлежната
здравствена установа.
Пријавата со потребните документи треба да се достават во просториите на ООУ,,Дедо Иљо
Малешевски“- Берово, на денот наведен во поканата за упис.