Почеток на второто полугодие
јануари 20, 2016Среќен 8ми Март
март 7, 2016Книжниот фонд на училиштето збогатен со подарок книги
Книжниот фонд на училишната библиотека неделава беше збогатен уште со девет нови наслови и 23 книги кои беа добиени како подарок за нашето училиште од писателката Бистрица Миркуловска.
Сите ученици кои имаат интерес можат да ги позајмат и прочитаат нејзините книги: „Навева снег“, „Цвеќенца“, „Сите деца мили“, „Молика Пелистерска“, „Далечни проблесоци“, „Лице и опачина“, „Градинче“, „Илина“ и „Цвеќе на мирот“.
Сите ние, вработените и учениците, на чело со директорот г-ѓа Наташа Аврамска срдечно и се заблагодаруваме на г-ѓа Бистрица Миркуловска за нејзиниот подарок посакувајќи и уште многу години здравје и спокој во пензионерските денови.
Бистрица Миркуловска е познат поет, раскажувач, писател за деца, преведувач, професор во пензија.
Родена е на 14 Март 1930 година во Скопје. Овде дипломирала на тогашниот Филозофски факултет на групата Македонски јазик со книжевност, а потоа запишала постдипломски студии од областа на македонистиката. До пензионирањето работела како професор по словенечки јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Била лектор по македонски и по словенечки јазик на Масариковиот универзитет во Брно, Чешка Република. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1971 година.
Има напишано голем број на книги за деца, а се јавува и како преведувач од словенечки на македонски јазик и обратно. Добитник е на голем број признанија и награди за своите напишани поетски и прозни дела.