Акција „Ајде Македонија“ во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Берово и Подрачните училишта
октомври 5, 2013Иновациите на млади научници изложени во канцеларијата на претседателот Иванов
ноември 9, 2013Макинова 2013
Од 15.10.2013-19.10.2013 год. во Скопје се одржа најреномираната саемска манифестација ТЕХНОМА. 39-то издание на Меѓународен саем на металургија, електрика, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, а во негов склоп се одржува и Меѓународниот саем на занаетчиство и мало стопанство и МАКИНОВА 2013 33-та по ред Меѓународна изложба на иновации на која зеде учество и „Народна техника“ од Берово. Преку истата на оваа меѓународна изложба со натпреварувачки карактер нашето училиште ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Берово учествуваше со три проекти:
1.Од областа на хемијата- ментор Сузана Гашчеовска
а) Хемиски камелеон – Бојана Монева ученичка од VIII(8) одд.
б) Еко средство за отстранување на дамки- Верица Симевска ученичка од VIII (8) одд.
Овие ученички освоија СРЕБРЕН МЕДАЛ
2.Од областа на агротехника-ментор Александра Пачемска
а) Аронија – Наталија Читинска ученичка од VIII(9) одд.
Оваа ученичка освои БРОНЗЕН МЕДАЛ
На оваа изложба учествуваа и учениците од СОУ „Ацо Русковски“ Берово
1.Од областа на физиката-ментор Ванчо Павловски
а) Центрифугален регулатор-Андон Поповски ученик во прва година од Пехчево кој освои Сребрен и Бронзен медал како и едногодишно бесплатно примање на списанието Емитер.
2.Од областа на математиката-ментор Љубинка Павлеска
а) Полиедар-Ана Карафатска ученичка во втора година од Пехчево која освои Бронзен медал
3.Од областа на биологијата-ментор Александар Татарски
а) Фотосинтеза-Мишела Бошнаковска ученичка во трета година која освои Бронзен медал
На оваа изложба зедоа учество и двајца возрасни иноватори:
проф. Васко Механџиски
проф. Владимир Капушевски
со фулерени и истите беа наградени со Сребрен медал во групата на возрасни иноватори.