Активности за денот на пролетта
март 19, 2014Одбележан денот на пролетта
март 21, 2014Меѓународен натпревар по математика „КЕНГУР“
На ден 20.3. 2014 год. (четврток) со почеток во 11 часот во нашето училиште „Дедо Иљо Малешевски“ се одржа Меѓународниот натпревар по математика „КЕНГУР“ 2014.На натпреварот учествуваа вкупно 135 ученици од прво до осмо одделение. За прв пат оваа година зедоа учество и учениците од прво одделение и тоа вкупно 17 ученици. Натпреварот е во организација на Сојузот на математичари на Македонија, од каде што беа и испратени тестовите. За организацијата и регулаторноста на натпреварот во училиштето беа одговорни директорката и наставниците по математика, а како тестатори беа неколку други натавници. Учениците беа распоредени во осум училници и тоа прво одделение една , а останатите беа од мешан состав од второ до осмо одделение . Задачите беа поделени во пет категории и тоа: задачи за прво одделение, за второ и трето одделение, четврто и петто одделение, шесто и седмо одделение, и осмо одделение, Задачите ги решаваа самостојно, а потоа одговорите беа испратени до Сојузот на математичари во Скопје , каде ќе бидат и прегледани, а резултатите ќе бидат објавени на страната на Сојузот www.smm.com.mk и испратени до нашето училиште. Со организацијата на овој натпревар училиштето им овозможува на учениците да учествуваат и да се докажуваат во повеќе активности.