
Учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ со одлични резултати на општинскиот натпревар по хемија
февруари 27, 2025
„Нишки на солидарност“: Хуманитарен базар во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ по повод 8 Март
март 6, 2025Млади волонтери на Црвениот крст одржаа десиминација во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“

Во периодот од 11 до 18 февруари 2025 година, во просториите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, се одржа десиминација на младите волонтери на Црвениот крст од Берово.
Целта на оваа десиминација беше учениците да се запознаат со улогата и значењето на ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – проект за хумани вредности). Учесниците имаа можност да научат како да идентификуваат проблеми во заедницата, како да делуваат на терен и како да изработуваат проекти за решавање на тие проблеми.
Активностите ќе продолжат и во иднина, при што учениците ќе работат на проекти по сопствен избор, кои ќе бидат од корист за заедницата. Проектите се поделени во две главни области:
- Акција во заедница:
- Хуманитарни проекти за помош на лица во ризик
- Поддршка и помош на лица во дневни центри и институции
- Еколошки проекти
- Интеркултурна акција
Во работилницата учествуваа ученици од I, II и III година од СОУ „Ацо Русковски“ Берово, како и две групи ученици од IX одделение од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“. Формирани се пет групи, секоја составена од по шест ученици.









