Трета наставничко-родителска средба
март 26, 2014Награден конкурс – „ЛОГО НА МОЕТО УЧИЛИШТЕ“
март 26, 2014Набавен агрегат за електрична енергија
Со цел зголемување на безбедноста на учениците и успешно спроведување на наставните програми, во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово набавен и инсталиран е агрегат за потребите на собата за централното парно греење на училиштето.
Преку реализацијата на овој проект, во основното училиште надминати се проблемите во моментите на прекини на електрична енергија во кои може да дојде до проблеми со пумпите, нивно прегревање и експлозија на самите парни котли.
Агрегатот е со јачина од 6 киловати и е доволен да ги задоволи потребите на пумпните станици и на четирите котли и да обезбеди осветлување во просторија и за истиот е инсталирана нова табла со осигурувачи и заштитна склопка и електрична инсталација која е поврзана со постоечката инсталација поврзана со мрежата од ЕВН.