Третооделенците ја открија магијата на млекарството во „Малешево милк“
декември 14, 2023Извонредни успеси на учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ на државниот натпревар по македонски јазик
декември 16, 2023Натпревар во краснопис
Во рамките на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ денес во ООУ „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица се одржа натпревар по краснопис. На натпреварот земаа учество поголем број ученици од основните училишта од Источниот регион (Делчево, Македонска Каменица, Берово, Пехчево, Виница и Блатец).
Учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ повторно се најдоа меѓу првонаградените. Теодора Пачемска од VI одделение го освои третото место, а ученичката Андреа Боболинска доби благодарница. Честитки, да им се множат успесите!
Натпреварот се организира во чест на Јаков од Камена Река кој бил првиот македонски печатар од 16 век и имал своја печатница во Венеција во која ја отпечатил првата книга со кирилично писмо на црковнословенски јазик.
Денес кога убавото рачно, ракописно пишување е се поретко застапено меѓу децата и возрасните ваквите натпревари се голем поттик и мотив за најмладите да го чуваат, негуваат и практикуваат кирилското писмо и неговото правилно пишување.