Приредба по повод десетгодишнината од смртта на Тоше Проески
октомври 18, 2017Ноември – Месец на наука
ноември 21, 2017Најголемиот глобален час
Под наслов „Секој оброк раскажува приказна“ учениците од ООУ„Дедо Иљо Малешевски“- Берово беа дел од една интересна работилница со цел да се запознаат со Глобалните цели за одржлив развој.
На ден 13 Ноември 2017, училиштето се приклучи кон одбележување на иницијативата „Најголемиот глобален час“, која произлегува од Усвоената резолуција на Обединетите Нации од 25 Септември 2015 година за „Трансформирање на нашиот свет: Агенда 2030 за одржлив развој“
На Час на одделенската заедница во понеделникот од наставникот Славица Чавдарска, преку Анимирано видео за запознавање со Глобалните цели, беше одржан час на кој присуствуваа директорот на училиштето Наташа Аврамска и психологот Весна Фурнаџиска. Како резултат на овој час, заедно со учениците беше изработено и дадовме наше ветување дека ќе ги запознаеме сите со Глобалните цели и ќе се вклучиме во активностите кои другите Организации ќе ги превземат на ова поле. Нашето ветување го потпишавме и изложивме во училиштето.