Промена на градежна фасадна столарија
октомври 12, 2018Конкурс – Форест Фест
ноември 25, 2018Најдобри меѓу најдобрите – По втор пат наградени со зелено знаме
ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ Берово е вклучено во програмата „Интеграција на еколошкото образование во Македонскиот образовен систем“, што ја спроведува Здружението на граѓани ОХО, Швајцарската агенција за развој и Министерството за образование и наука на Р.Македонија. Во делот на оваа програма во изминатиот период училиштето реализира голем број на активности кои се предвидени со Планот на активности 2017-2018 год. (Еко стандарди и точките на акција) од областа на екологијата , одбележување на значајни датуми од Еколошкиот календар,се вклучи во сите акции, кампањи како на локално така и на национално ниво.
Со голема посветеност од областа на екологијата од страна на учениците и наставниците се постигнаа значајни резултати.
На 16.11.2018 година во хотел Континентал – Скопје на традиционалниот Еко самит беше извршено официјално доделување на интернационално признание на еко училиште со статус на „Зелено знаме„ на ООУ „ Дедо Иљо Малешевски„ Берово. На истиот присуствуваа директорот на ООУ „ Дедо Иљо Малешевски„ Берово, Наташа Аврамска, координаторот на проектот Александра Пачемска и наставничката по ликовно образование Мацка Пеовска.
На Еко самитот се одржа и промотивен ден за регионалниот проект Еко пакет и на истиот беа доделени потребните материјали и информации за реализација на проектот. Во овој проект како еко училиште е вклучено и ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ Берово.
Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорно однесување кај учениците, наставниците и родителите преку собирање, селектирање, одвојување и остранување на картонот од употребената Тетра пак амбалажа од млеко, јогурт и сок. Проектот е наменет за учениците од одделенска настава.
Целта на програмата „Интеграција на еколошкото образование во Македонскиот образовен систем“ е подигање на еколошката свест кај учениците и создавање на здрава животна средина на локално и глобално ниво.