Протокол за постапување на основните училишта
август 31, 2021Пуштен во употреба новиот вебсајт на училиштето
февруари 13, 2023Недела на информатиката
Неделата на информатиката и оваа година се реализираше во периодот од 6 – 10 февруари. Оваа година се одбележуваат 10 години од започнувањето на акцијата.
По повод неделата на информатиката во нашето училиште беа изведени низа активности преку кои учениците ќе навлезат во тајните на информатиката и кодирањето. Во овие активности беа вклучени ученици од 6-то и 7-мо одделение. Учениците ги кодираа своите имиња со бинарен код, учествуваа во други активности со кодирање како на пример „Графички слики“, „Играме плочка“, „Кодирање преку игра“, учествуваа во работилницата Feeling barometer, се натпреваруваа на квиз натпревар на kahoot апликација на Интернет на тема „Како да се однесуваме on-line”, со што преку интеракција и размислување се воведуваа како во програмирањето така и во грижата за нивната безбедност на Интернет.
Како дел од работилницата гледавме и видео кое е адаптација на видеото од веб сајтот Безбедно на Интернет crisp.org.mk со наслов Онлајн граблицви: Опасна средба.
Сите овие активности беа реализирани под менторство на наставничката по информатика Изабела Бакаловска.