Меѓународен натпревар по математика „КЕНГУР“
март 21, 2014Трета наставничко-родителска средба
март 26, 2014Одбележан денот на пролетта
Ученицитете и вработените во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“- Берово активно се вклучија во одбележување на 21 Mарт- Ден на пролетта. Училиштето беше дел од акцијата на Министерството за животна средина и просторно планирање „Македонија земја на цвеќето-земја на розите“.
Од страна на ученичката Александра Пачемска беше прочитан реферат со наслов „ Заштита на човековата животна и работна средина“. Во тој дел беа прочитани и наградените творби од конкурсот „Зачувај ја околината,зачувај се себе си“
Прва награда – Викторија Фурнаџиска ученичка од VII в одделение
Втора награда- Наталија Деровска ученичка од VII одделение од ПУ Двориште
Трета награда – Катерина Пеловска од VII в одделение
Во делот на училишниот двор се засадија рози, а исто така со разновидни цвеќиња кои беа донесени од страна на учениците беа разубавени ходниците и училишниот хол.
На плоштадот „Димитар Поп Георгиев Беровски“ се организираше изложба и продажба на оригами кои беа изработени од страна на наставниците и учениците во соработка со родителите.Сите посетители кои купија изработени оригами ја подржаа акцијата чија цел е Македонија да стане земја на цвеќето, а со тоа им помогнаа на учениците од соберените средства да купат садници на рози и истите да ги засадат во училишниот двор. Активно учество учениците зедоа и на Градската трка организирана од Општина Берово. Во акцијата се вклучија и ученици од подрачните училишта.