Показна пожарникарска вежба
април 30, 2015Запишување во прво одделение во учебната 2015/2016 година
мај 4, 2015Одбележан патрониот празник на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
Многубројни се делата на јунаците од Македонија на кои со гордост се сеќаваме на нив. Еден од нив е и Дедо Иљо Малешевски кој е патрон на основното училиште во Берово кое гордо го носи името и секоја година го велича неговото дело преку прославата на патрониот празник на 29 април.
Прославата на празникот започна во дворот на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ каде пред бистата на патронот цвеќе положија делегација од самото училиште предводена од директорката Наташа Аврамска, делегација од општина Берово предводена од градиначалникот Драги Наџински, претставници од училишната заедница на училиштето како и делегација од збратименото училиште “Димитар Поп Георгиев Беровски“ од Скопје.
Ликот и делото на Дедо Иљо Малешевски беа пренесени преку рециталите на учениците, додека во салата на Бизнис инкубаторот се одржа свеченост на која настапија музичката секција од училиштето со изведба на неколку точки од репертоарот на мандолинскиот оркестар, пеење на неколку песнички и настап на играорна група од училиштето, и драмската секција која се претстави со претставата “Чорбаџи Теодос“.
По завршувањето на културно-уметничката програма, во спортската сала во склоп на училиштето се одиграа и спортски натпревари.
Во оваа учебна година во ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ се запишани 831 ученик кои се распоредени во едно централно и 7 подрачни училишта. Училиштето и оваа година учествуваше во повеќе регионални, државни и меѓународни натпревари и постигна високи резултати, а од оваа учебна година како Еко училиште се доби со статус “сребрено ниво“ од самата програма.