
Првачињата примени во Светската детска организација
октомври 10, 2025
Награда за најдобро сценарио на 58. Детски Рацинови средби
ноември 17, 2025Одбележан Светскиот ден на штедењето во училиштето

Денес, 31 октомври, во нашето училиште беше одбележан Светскиот ден на штедењето. По тој повод, Марија Поповска, вработена во УНИ Банка, одржа предавање за дел од учениците.
Темата на предавањето беше важноста на штедењето. Учениците имаа можност да научат повеќе за тоа како да управуваат со парите и зошто е корисно да се штеди.
Целта на оваа активност е да се подигне финансиската свест кај учениците уште од рана возраст. Учениците активно учествуваа со прашања и покажаа интерес за темата.





