
Училишен натпревар по англиски јазик
февруари 23, 2026
Продолжува проектот ЦКА-ПХВ 2026 – Промоција на хумани вредности
февруари 26, 2026Одлични резултати на Општинскиот натпревар по хемија

Одлични вести од нашите млади хемичари! На Општинскиот натпревар по хемија, кој се одржа на 20.02.2026 година во просториите на нашето училиште, нашите ученици покажаа одлични знаења, вештини и умеења и освоија бројни награди.
Натпреварот се одвиваше онлајн преку платформата Class Marker, во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија – Институт за хемија.
IX одделение:
- Анастасија Распашковска – II награда (Диплома)
- Ана Корчовска – III награда (Диплома)
- Андреа Арнаутовска – III награда (Диплома)
- Ива Биковска – Пофалница
- Петар Букушовски – Успешно учество
- Илина Ковачовска – Успешно учество
- Дамјан Тасевски – Успешно учество
- Ангела Џалевска – Успешно учество
- Софија Аврамска – Успешно учество
- Ева Симоновска – Успешно учество
- Елена Пелтековска – Успешно учество
VIII одделение:
- Антониа Марковска – III награда (Диплома)
- Софија Рабаџиска – Пофалница
VII одделение:
- Давид Ролевски – Пофалница
- Јована Царовска – Пофалница
- Анета Валмарска – Успешно учество
- Јана Каламадевска – Успешно учество
На Регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 17.04.2026 година, продолжуваат: Анастасија Распашковска, Ана Корчовска, Андреа Арнаутовска и Ива Биковска од IX одделение, Антониа Марковска од VIII одделение и Давид Ролевски и Јована Царовска од VII одделение.
Подготовките на учениците се одвиваа под менторство на наставничката по хемија Сузана Гашчеовска. Честитки до сите ученици и нивниот ментор! Им посакуваме уште поголем успех на регионалниот натпревар!




