
Успешно одржана втората дисеминациска сесија од проектот ЦКА-ПХВ
февруари 26, 2026Одржана последната работилница од проектот ЦКА-ПХВ

На 24.02.2026 година се одржа третата, а воедно и последна работилница од проектот ЦКА–ПХВ – Промоција на хумани вредности.
Нашите млади волонтери преку интерактивни игри и практични вежби имаа можност да научат како правилно се документира еден успешно реализиран проект – од планирање, до евидентирање на активности и резултати.
Волонтерите беа поделени во групи, секоја со свој мини ментор и со своја целна група на која ќе работи во наредниот период. Со многу ентузијазам, креативност и тимска работа, младите ги разработија своите идеи и ги поставија целите за претстојните активности.
Им посакуваме на сите групи успешно спроведување на замислените активности, многу позитивни искуства и вистинско влијание во заедницата!





