
Среќен 8 март
март 8, 2015
Рекострукција на спортското игралиште во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
март 14, 2015Одржан квиз натпревар на тема “Колку го познаваш сообраќајот“

Во рамките на своите програмски активности,СВР Штип – Отсек за превенција во соработка со општина Берово и општина Пехчевоорганизираше квиз натпревар за учениците од основните училишта на тема “Колку го познаваш сообраќајот“.
На натпреварот кој се одржа во ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ во Берово учествуваа 3 екипи од по 3 ученици од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, ООУ “Никола Петров Русински“ од Русиново и ООУ “Ванчо Китанов“ од Пехчево.
Квиз натпреварот се одвиваше со поставување на прашања на екипите во 4 круга, после што најуспешна беше екипата од Пехчево со 62 освоени бодови, второпласирани беа учениците од Русиново со 58 бодови и учениците од Берово со 54 бодови.
Натпреварот се одржа со покровителство на ОБСЕ, Општина Берово и синдикалната организација на ПС од ОН во Берово.



‘




