
Брилијантни резултати на натпреварот по англиски јазик во Делчево
март 16, 2026ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ беше горд домаќин на регионалниот натпревар по математика

Оваа сабота, на 14 март, ходниците и училниците во нашето училиште беа исполнети со посебна позитивна енергија. Имавме огромна чест да бидеме домаќини на регионалниот натпревар по математика и со задоволство ги пречекавме младите математички надежи од нашиот регион.
На натпреварот учествуваа талентирани ученици од повеќе места, а гости ни беа училиштата од Берово, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Русиново. Беше навистина прекрасно да се види нивната посветеност, концентрација и желба за решавање на математичките предизвици. Ова беше одлична можност за дружење, размена на искуства и секако, тестирање на знаењата.
Комисиите сè уште вредно работат на прегледување на тестовите, така што официјалните резултати од натпреварот ќе бидат објавени дополнително. Со нетрпение ги очекуваме и им посакуваме многу среќа и успех на сите учесници!





