
Отворен ден: „Толеранцијата – мост на мирот“
ноември 21, 2025
Одржана едукативна трибина за безбедност за време на празниците
декември 29, 2025Посета на Дневниот центар по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Нашето училиште денес го одбележа 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Група ученици, наставници и директорката м-р Наташа Аврамска го посетија Дневниот центар во Берово.
Целта на посетата беше да се даде поддршка и да се сподели радост со корисниците на центарот. Учениците вложија труд и подготвија пригодна програма. Тие изведоа различни точки кои предизвикаа насмевки и позитивно расположение кај присутните.
Оваа средба овозможи искрено дружење и поврзување. Таа ја испрати пораката за важноста на еднаквоста и прифаќањето во општеството. Училиштето преку вакви активности продолжува да негува емпатија и социјална одговорност кај младите генерации.







