
Тимот по Прва помош на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Општински прваци!
април 29, 2025
Свечено одбележан Патрониот празник на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово
мај 1, 2025По успесите во Кочани, шест наши ученици се спремаат за Државен по македонски!

Уште една успешна сабота (26 април 2025) е зад нас, исполнета со успеси за учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“! Овој пат, нашите таленти блеснаа на Регионалниот натпревар по македонски јазик, кој се одржа во ООУ „Никола Карев“ во Кочани.
Учениците од VI до IX одделение ги покажаа своите познавања на мајчиниот јазик, а резултатите се навистина за пофалба:
- VI одделение (ментор: Веселинка Каламадевска)
- Марко Каракутовски – II место
- Јована Каламадевска – III место
- VII одделение (ментор: Габриела Пипонска)
- Андреа Боболинска – II место
- Анџелина Беџовска – III место
- VIII одделение (ментор: Душица Скендерска)
- Анастасија Распашковска – III место
- IX одделение
- Рената Делиовска (ПУ Двориште) – III место (ментор: Сања Аџиска)
- Михаела Беџовска – Благодарница за успешно учество (ментор: Веселинка Каламадевска)
Посебно сме горди што дури шест наши ученици обезбедија пласман на претстојниот Државен натпревар по македонски јазик: Марко Каракутовски, Јована Каламадевска, Андреа Боболинска, Анџелина Беџовска, Анастасија Распашковска и Рената Делиовска!
Им честитаме од срце на сите ученици за покажаното знаење и освоените места, како и на Михаела за учеството! Голема благодарност до вредните менторки Веселинка Каламадевска, Габриела Пипонска, Душица Скендерска и Сања Аџиска за нивната посветеност и поддршка.
На учениците кои патуваат на Државен, им посакуваме многу успех и уште повисоки резултати!




