Годишна програма
септември 1, 2017Најголемиот глобален час
ноември 16, 2017Приредба по повод десетгодишнината од смртта на Тоше Проески
Во холот на училиштето ,,Дедо Иљо Малешевски” Берово се одржа приредба по повод десетгодишнината од смртта на Тоше Проески.Секоја година во чест на него учениците од IX одделение организираат приредба со цел да не се заборави човекот кој придонесе многу во македонската музика, па и пошироко и успеа до го соедини Балканот. Неговиот заштитен знак беше ,,ВЕ САКАМ СИТЕ”.Ако тој велеше дека човекот живее колку што се смее, тоа значи дека Тоше вечно ќе живее. Неговата насмевка допираше до сечие срце.
Учесници во приредбата беа учениците од II до IX одделение. Кореографијата што ја одиграа беше под менторство на учениците од IX одделение. Голема благодарност за креативноста и работата на претседателот на Училишната заедница. Трудот што го вложија учениците и придонесот што го дадоа беа доволни приредбата да биде извонредна. Благодарност и до директорот Наташа Аврамска за дадената подршка на учениците и вработените.