
Одлични резултати на Општинскиот натпревар по хемија
февруари 26, 2026
Успешно одржана втората дисеминациска сесија од проектот ЦКА-ПХВ
февруари 26, 2026Продолжува проектот ЦКА-ПХВ 2026 – Промоција на хумани вредности

И оваа година Црвен крст Берово продолжува со реализација на проектот ЦКА–ПХВ – Промоција на хумани вредности, програма која ги поттикнува младите да бидат носители на позитивни промени во заедницата.
Во просториите на нашето училиште беше одржана првата дисеминациска сесија, водена од менторот на проектот – наставничката по хемија Сузана Гашчеовска. На сесијата, новите волонтери се запознаа со значењето, целите и начинот на реализација на проектот.
Првата обука е веќе успешно реализирана, а нашите млади волонтери стекнуваат знаења и вештини за изработка на мали проекти кои ќе придонесат за доброто на заедницата. Преку оваа програма се градат посилни млади лидери и се поттикнуваат вредности кои се темел на секое хумано општество – почитување, солидарност и емпатија.
Веруваме дека оваа генерација волонтери ќе биде инспирација за многумина и дека заедно ќе создадеме позитивни промени во нашата заедница!





