Учениците од „Дедо Иљо Малешевски“ на еколошка работилница во Дојран: Учиме за живеалишта и жив свет
мај 22, 2024Државниот натпревар по македонски јазик
јуни 6, 2024Работилница во Ботаничка градина – Скопје
Во рамки на проектот “Мрежа за искуствено учење”, ученици од VI, VII, VIII и IX одд. од ООУ “Дедо Иљо Малешевски” – Берово под менторство на наставничките Александра Пачемска и Верица Арнаутовска присуствуваа на еднодневна работилница во Ботаничка градина – Скопје.
Во рамките на работилницата “Исхрана кај растенијата”, учениците имаа можност да ја разгледаат ботаничката градина, да научат како се исхрануваат различни видови растенија да подготват самите микроскопски препарати на кои набљудуваа стоми, спроводни садови и скроби зрна кај растенијата и на крај да ги споделат стекнатите знаења преку краток квиз.
Голема благодарност до вработените во Ботаничка градина кои ја реализираа оваа работилница и до спроведувачот на проектот Македонско еколошко друштво и УНИЦЕФ што ни овозможија да бидеме дел од проектот Мрежа за искуствено учење.