
По успесите во Кочани, шест наши ученици се спремаат за Државен по македонски!
април 29, 2025
Успешно реализиран Пролетниот крос во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“
мај 2, 2025Свечено одбележан Патрониот празник на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово

Вчерашниот ден, 30 април (среда), беше исполнет со радост и гордост во нашето училиште. Ја одбележавме годишнината од нашиот патрон, Дедо Иљо Малешевски, чие име со чест го носи нашето ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово.
Прославата започна точно напладне, во 12 часот. Најпрво, со должна почит положивме свежо цвеќе пред бистата на Дедо Иљо Малешевски, сместена во нашиот училишен двор. Тоа беше момент на сеќавање и оддавање почит кон ликот чии идеали нѐ водат.
Потоа, сите заедно се упативме кон холот на училиштето, каде нѐ чекаше прекрасна свечена програма. Нашите вредни ученици, со помош на своите наставници, подготвија шаренолики настапи – од песни и рецитали до драмски точки и игри. Низ смеа, аплаузи и многу позитивна енергија, тие покажаа што знаат и умеат, правејќи ја атмосферата навистина празнична.
Беше прекрасно да се видат заедно учениците, нивните родители, наставниците, пензионираните колеги, претставници од општината и сите драги гости кои дојдоа да го споделат овој важен ден со нас. Присуството на сите нив ја направи прославата уште позначајна.
Уште една успешна прослава на Патрониот празник е зад нас, исполнета со убави моменти и чувство на заедништво. Честитки до сите ученици и вработени!

















