Збогатен книжниот фонд во училишната библиотека
март 6, 2014Среќен 8ми Март
март 7, 2014Се одржа состанок на Еко одборот
На ден 13.02.2014 год. (четврток) со почеток во 13 часот во просториите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ Берово –училишна библиотека членовите на Еко одборот при ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ Берово одржаа редовен состанок кој е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
На самиот состанок присуствуваа наставници, претставници од родителите, како и преставник од Националното здружение „Приватни шуми“-Берово.На состанокот беше присутен и директорот на училиштето г-ѓа Наташа Аврамска.
На овој редовен состанок од страна на сите присутни членови едногласно беа донесени следниве одлуки:
1.Уредување на холот во училиштето (за кој беа дадени неколку предлози):
-Да се уреди етно катче.
-Разубавување на холот, ходниците и училишниот двор со разновидни цвеќиња;
-Да бидат изработени различни креации и предмети од хартија и пластика со што ќе се разубават празните простори во училиштето;
2.Да бидат реновирани и префарбани веќе постоечките клупи во училишниот двор во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и ПУ Будинарци;
3.Да бидат означени места со изработени и поставени знаци во училишниот двор во ПУ Будинарци и ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Берово (место за одмор, не ја гази тревата и сл.);
4. По повод одбележувањето на 21 Март-Ден на пролетта (Ден на екологијата) да се распише литературен и ликовен конкурс на тема соодветна на денот на пролетта, а сите други активности ќе се реализираат според инструкции кои ќе бидат добиени од страна на Општина Берово, Министерство за животна средина и просторно планирање и ОХО проектот.