
Учениците од „Дедо Иљо Малешевски“ успешни по математика!
април 23, 2025
По успесите во Кочани, шест наши ученици се спремаат за Државен по македонски!
април 29, 2025Тимот по Прва помош на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Општински прваци!

Изминатиов викенд (сабота, 26 април 2025), нашиот училишен тим по Прва помош покажа големо знаење, подготвеност и тимски дух и го освои првото место на Општинскиот натпревар по Прва помош!
Натпреварот, кој се одржа во спортската сала „Македонски бранители“ во Берово, беше одлично организиран од Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Берово, и собра екипи од основните и средните училишта.
Во категоријата на основни училишта, нашите ученици беа најдобри и заслужено го освоија шампионското место! Покажаа дека знаат како да реагираат брзо и правилно во моменти кога првата помош е најпотребна – вештини кои навистина можат да спасат живот.
Огромни честитки до нашите шампиони – учениците од тимот по Прва помош! Горди сме на вашиот труд, посветеност и на знаењето што го покажавте. Вие сте пример за сите!