Ученици од четврто одделение во посета на Општината Берово
декември 7, 2023Натпревар во краснопис
декември 15, 2023Третооделенците ја открија магијата на млекарството во „Малешево милк“
Нашите ученици од трето одделение денеска имаа едно незаборавно искуство на посета на млекарата „Малешево милк„. Тие се запознаа со целиот процес на преработка на млекото – од свежо млеко до прекрасните и вкусни млечни производи кои ги нуди оваа млекара.
Се разбира, учењето не беше само теоретско. На учениците им беше овозможено да видат одблиску како се прават нивните омилени млечни производи, што ги поттикна да размислуваат за значењето на здравата храна во нашиот секојдневен живот. Со оваа посета, тие добија ценет увид во важноста на здравата исхрана и како таа влијае на нашето здравје и благосостојба.
Искрена благодарност до Даниела и Дарко Корчовски за нивното топло гостоприемство и за тоа што им овозможија на нашите ученици да го искусат овој важен дел од нашата локална индустрија. Нивното гостоприемство и подготвеност да ги споделат своите знаења со нашите ученици е за вистински пофалба.