
Продолжува проектот ЦКА-ПХВ 2026 – Промоција на хумани вредности
февруари 26, 2026
Одржана последната работилница од проектот ЦКА-ПХВ
февруари 26, 2026Успешно одржана втората дисеминациска сесија од проектот ЦКА-ПХВ

Продолжуваме со активностите од проектот ЦКА–ПХВ – Промоција на хумани вредности! Успешно беше одржана втората дисеминациска сесија, на која нашите волонтери подетално се запознаа со начинот на спроведување на проектот, чекорите кои треба да се следат и важноста на тимската работа во процесот на реализација.
Преку интересни игри, интерактивни вежби и практични активности, младите имаа можност да учат, да соработуваат и да ги зајакнат своите комуникациски и лидерски вештини.
Со ентузијазам и позитивна енергија продолжуваме понатаму во градење на хумани вредности и активизам кај младите!





