
Свечено одбележан Патрониот празник на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово
мај 1, 2025
Известување за упис на ученици во прво одделение за учебната 2025/2026 година во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово
мај 7, 2025Успешно реализиран Пролетниот крос во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“

Денешниот сончев ден, 2 мај, беше во знакот на спортот и здравиот дух во нашето училиште! Успешно го реализиравме традиционалниот Пролетен крос, активност која е дел од Годишната програма за работа на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово.
Градскиот стадион беше исполнет со енергија и детска смеа, додека нашите ученици со нетрпение го очекуваа стартот на трките. Кросот, како и секогаш, имаше двоен карактер – рекреативен, за сите кои сакаа да уживаат во трчањето и дружењето, и натпреварувачки, за оние кои сакаа да ги покажат своите спортски вештини и брзина.
Овој настан е одлична можност да се поттикне важноста на физичката активност, да се развива спортскиот и натпреварувачки дух, но пред сѐ – да се дружиме и да создаваме убави спомени надвор од училниците.
Честитки до сите ученици кои зедоа учество, покажаа упорност и фер-плеј!





