Учениците од „Дедо Иљо Малешевски“ во акција за почиста животна средина
мај 17, 2024Работилница во Ботаничка градина – Скопје
јуни 6, 2024Учениците од „Дедо Иљо Малешевски“ на еколошка работилница во Дојран: Учиме за живеалишта и жив свет
Во рамки на проектот “Мрежа за искуствено учење”, учениците од VII, VIII и IX одд. од ООУ “Дедо Иљо Малешевски” ПУ Двориште под менторство на наставничките Верица Арнаутовска и Марика Василевска-Чаушка присуствуваа на еднодневна работилница на локација Мрдаја, Дојран.
Во рамките на работилницата “Живеалишта и жив свет”, учениците истражуваа различен тип на живеалишта, колекционираа видови од флората и фауната, научија за важноста на заштитата на животната средина, а имаa можност да споделат и свои искуства и знаења.
Голема благодарност до спроведувачот на проектот Македонско еколошко друштво и UNICEF MK што ни овозможија да бидеме дел од проектот Мрежа за искуствено учење.