Македонија земја на цвеќето – земја на розите
март 13, 2014Активности за денот на пролетта
март 19, 2014Форест фест
На 07.12.2013-08.12.2013 за прв пат во Берово се одржа манифестацијата Форест фест-Фестивал на шумата под мотото „СЕКОЕ ДРВО СИ ИМА СВОЕ СЕМЕЈСТВО“ во организација на Општина Берово и Националното здружение на сопственици на приватни шуми од Берово. На оваа манифестација активно учество зедоа учениците и вработените во ООУ „Дедо Иљо Малешевски„ Берово кои направија самостојна изложба во фоајето на Бизнис инкубаторот во Берово. Во рамките на проектот „Еколошкото образование за зачувување на природата во Брегалничкиот регион„ кој е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ учениците од ликовната секција од прво-осмо одд. изработија различни ликовни цртежи и предмети со користење на природни материјали. Учениците од литературната секција пишуваа литературни творби и раскази на темата „Секое дрво си има свое семејство“. Во состав на трочлена комисија беа изберени најдобрите литературни и ликовни творби. Од страна на организаторот на фестивалот –Приватни шуми Берово на учениците им се доделија награди.