
Интерактивна и едукативна посета на Изложбен центар Матка
ноември 12, 2019
Автоматски регулатор електричен мерач на систем капка по капка
јануари 24, 2020Јавен повик за аплицирање за учество на координативен состанок за Еразмус+

Врз основа на Решение бр. 03-338/1 од 21.08.2019 година од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Годишната програма за работа на училиштето за учебната 2019/2020 и регистрациски број на проектот 2019-1-ТР01-КА229-077232_3, ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски“ објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За аплицирање за учество на координативен состанок за Еразмус+ КА229 проект MaGIC – Motivate Games Increase Competences поддржан од Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност
Право на учество имаат сите наставници вработени во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски“, како и членови на стручната служба кои засновале работен однос на неопределено време и директорот.
По мобилноста во Романија (Сибиу) избраните кандидати се должни да реализираат дисеминација.
Потребни документи:
- CV – во Еуропас формат
- Кратко Мотивациско писмо
- Потврда за вработени
Кандидатите можат да го достават своето CV до архивата на училиштето најдоцна до 28/11/2019
Напомена: Работен јазик на состанокот е англиски.
Јавниот повик како и Europass CV-template достапни на Сајтот на училиштето www.dim.edu.mk




