Училишен информатор
март 12, 2018Извештај од самоевалуацијата за учебната 2016/2017
мај 4, 201874 години настава на македонски јазик во Берово
Во Берово 29 април се одбележува како ден на раѓањето на големиот војвода Дедо Иљо Малешевски, но оваа година се навршуваат и 74 години од наставата на македонски јазик. ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ кое го одбележа својот патрон празник низ годините наназад се наметна како училиште кое според постигнатите резултати на учениците од многубројните натпревари е едно од поуспешните на крајниот исток. Централното општинско основно училиште во чии рамки функционираат 7 подрачни училишта во моментот располага со вкупна бројка од 793 основци за чиј успешен воспитно-образовен процес се задолжени 106 вработени.
Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на училиштето во присуство на претставници на Општина Берово на чело со беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, делегација на Советот на Општина Берово како и гости од соседна Република Бугарија беше положено цвеќе пред бистата на војводата. Потоа во салата на Бизнис инкубаторот во Берово следуваше богата културно-уметничка програма.
Претходно се одиграа и спортски натпревари во неколку спортови.
За директорката Наташа Аврамска гордост за училиштето се пред се успесите на самите ученици кои можат да се пофалат со врвни резултати на досегашните натпревари.
-Учениците од нашето училиште можат да се пофалат со одличните резултати на досегашните натпревари, а тие воедно се спремаат за плејадата натпревари кои претстојат. Она на што исто така сме горди се завршената реконструкција на спортското игралиште во делот на осветлувањето кое доби нов и модерен лик како и реновирањето на соблекувалните во спортската сала кои одамна чекаа на реконструкција. Исто така како дел од активностите на колективот аплицираме редовно за европски проекти од кои досега дел успешно реализиравме преку Еразмус + програмата, а кога сме кај проектите оваа година резултатите од нашите апликации ги очекуваме во месец јуни, рече директорот на училиштето Наташа Аврамска.