Со едногласно усвоена Одлука на Наставнички совет одржан на 31.08.2023, излегуваме со следното соопштение:
Од учебната 2023/24 година, за сите ученици од прво до деветто одделение важи апсолутна забрана за носење телефони во рамките на училиштето. Дополнително, користењето на телефон од страна на наставниците ќе биде ограничено.
Свесни сме дека комуникацијата меѓу родители и нивните деца е многу важна, па затоа секој родител ќе има на располагање телефонски број од класниот раководител за било каква потреба во врска ученикот.
Благодариме за разбирањето и соработката.